Ким Кардашијан: Без разлика на помошта што ја имам, на крајот сама одгледувам четири деца

Ким Кардашијан неодамна гостуваше во подкастот на водителката Зои Винклер, во кој се осврна за нејзиното мајчинство и загриженоста за воспитувањето на децата што ги има со Канје Вест. Ријалити ѕвездата и раперот се разделија во 2022 година и имаат четири деца, ќерките Норт (11) и Чикаго (6) и синовите Сент (8) и Псалм (5).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Со оглед на тоа што нивните деца се на различна возраст, Ким откри дека е исцрпена затоа што чувствува дека целиот товар за грижата за децата е на неа и дека понекогаш се чувствува како да е сама во се, иако има одличен систем за поддршка.

„И јас само мислам дека без разлика каква помош имам, на крајот од денот сама воспитувам четири деца“, рече таа, признавајќи дека понекогаш се чувствува како самохрана мајка и сите нејзини деца спијат со неа во кревет и се будат и плачат во текот на ноќта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ким откри дека не зборува често за тоа затоа што чувствува дека многумина ќе ја осудуваат затоа што има пари да плати дадилки и помош.

Scroll to Top