Ким Кардашијан доби улога во серијата „Американска хорор приказна“

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (42) објави дека ќе добие улога во 12-тата сезона на „Американска хорор приказна“. Таа оваа вест ја објави на својот Инстаграм, и ја сподели најавата за серијата. Во најавата не се појавува Ким, но се појавва нејзиното име.

Кардашијан претходно се испроба и во манекенството, а познато е и дека студирала право за да стане адвокат. Актерката Ким ги изненадила своите  обожаватели со нејзината нова професија.

„Навистина не го очекував ова„, „Ким, што е ова?“, „Објаснете се, ве молам “, се дел од коментарите.

Ким се уште нема објаснување каква улога ќе има во „Американска хорор приказна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Scroll to Top