Ким Кардашијан донираше милион долари за погодените од конфликтите меѓу Ерменија и Азербејџан

Ким Кардашијан донираше милион долари помош за луѓето кои беа погодени во конфликтите меѓу Ерменија и Азербејџан.

Американската старлета која има потекло од Ерменија, донираше пари во хуманитарниот фонд на оваа земја, кои ќе бидат потрошени за храна, медицинска опрема, облека и слично.

„Голема чест имам што сум дел од денешните напори да го поддржам ерменскиот фонд. Говорев за моменталната состојба во Ерменија и имав разговори со многу луѓе, со цел да ја наметнам свеста за кризата, која не смееме да дозволиме да напредува. Ерменскиот фонд директно ќе им помогне на погодените во ова критично време со хуманитарна помош, низ храна, засолниште и медицинска нега“, напишала Ким.

Таа ги повика сите кои се во можност да помогнат на било каков начин и да и се приклучат во борбата за хуманост.

Scroll to Top