Ким Кардашјан ги намали градите и задникот за да изгледа послабо

Ким Кардашијан ги намалила градите и задникот за да изгледа послабо, пишуваат медиумите. Старлетата во последните месеци го промени изгледот, а фановите најмногу забележаа промена за време на „Мет Гала“, кога се прошета во фустанот на Мерлин Монро.

Многумина го коментираа нејзиното последно гостување во шоуто на Џејмс Горден. Старлетата која беше позната по облините се појави ослабена како никогаш претходно. Обожавателите ја пофалија за изгледот.

„Нејзините гради изгледаат многу помали сега. Што ѝ се случило со градите? Оваа верзија на Ким ми е најдобра до сега. Изгледа среќно и здраво“, коментираа и споделија дека старлетата сега изгледа многу послаба и поубава.

Имаше и такви на кои не им се допадна и коментираа дека изгледала несреќно.

„Изгледа болно, не ми се допаѓа колку е ослабена. Го намалила задникот и градите и изгледа тажно“, напишаа некои од нив и додадоа дека била опседната со килограмите.

За потсетување, Ким неодамна го документира тестот што го направи, а со кој се мери нејзината густина на коските и процентот на маснотии во телото. Откри дека сега е во категоријата спортисти.

Scroll to Top