Ким Кардашијан го покажа газот без филтер

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан во розови бикини и танга позирала на плажа во Малибу за снимање кампања за сопствената колекција костими за капење „Скимс“.

Основачката на брендот „Скимс“ позирала на плажа во топ кој го откопча на средината на снимањето. Папараците ја уловиле Ким без никакви филтри. Некои корисници на Редит се сомневаат дека фотографиите се со филтри и ја обвинија Ким дека ги уредува, пренесува „Пејџ сикс“.

„Не изгледа така нејзиниот стомак или задникот, да бидеме реални“, „Ова е инсценирано и монтирано. Те молам, не ми кажувајте дека паѓате на ова“, се дел од коментарите.  Додека едни се сомневаат и се убедени дека фотографиите се вистински, без никаква монтажа.

Да потсетиме дека Ким го основа својот бренд „Скимс“ во 2019 година, а оттогаш компанијата заработи милиони долари продавајќи квалитетна долна облека што ја обожаваат жените ширум светот.

Scroll to Top