Ким Кардашјан и Пит Дејвидсон на двоен состанок со Џеф Безос и Лорен Санчез

Ким Кардашијан и нејзиниот нов дечко Пит Дејвидсон излегоа на двоен состанок со најбогатиот човек на светот Џеф Безос и неговата девојка познатата водителка Лорен Санчез, пишува Page Six. Паровите беа видени во еден рестораните на Безос во Лос Анџелес.

Ова не е првпат популарните парови да се дружат заедно. Кардашијан веќе подолго време се дружи со Безос, особено откако и самата стана милијардерка минатата година.

Ким со Дејвидсон почна да излегува од лани и заедно се веќе речиси осум месеци, откако се разведе од нејзиниот бивши, американскиот рапер Кание Вест.

 

Scroll to Top