Ким Кардашјан ја покажа модната архива со 30.000 парчиња облека

Ким Кардашијан во последната епизода од нејзиното шоу, покажа како изгледа огромниот магацин во кој ги чува модни архиви, во кој има околу 30.000 парчиња облека, од нејзините 15 години појавување во јавноста.

„Јас сум на ова забавно патување само да дознаам каква ќе биде мојата нова модна ера. Имаше толку многу различни модни епохи“, рече Ким.

Таа емотивно зборуваше за модните парчиња кои ги поседува и вели дека сака да направи ретроспектива како се облекувала и како сака да се облекува во иднина. Зборуваше за нејзиниот стил среде разводот со Канје Вест, кој најде стилска муза во Ким за време на нивните осум години брак.

Ким го анализираше стајлингот што го носеше за новогодишната ноќ во Лас Вегас по разделбата од поранешниот сопруг Крис Хемфис цо 2011 година, како и нејзиното прво појавување на „ЕМИ“ наградте во 2009 година.

Scroll to Top