Ким Кардашијан објави фотографија со Пит Дејвидсон ѝ потврди дека се во врска

Американската ѕвезда Ким Кардашијан објави фотографија со Пит Дејвидсон ѝ потврди дека двајцата се во врска. Таа објави неколку интимни фотографии со него и ѝ им даде до знаење на фановите дека тој ѝ е новото момче.

„Чиј автомобил ќе возиме сега?“, напиша таа на една од фотографиите.

Двајцата добија голем број честитки и убави коментари од дановите, а меѓу нив беше и нејзината сестра Клои.

„Ми се допаѓа оваа фотографија“, ѝ напиша таа.

За потсетување, Ким неодамна во едно од своите интервјуа рече дека ќе ги открие сите детали од нивната врска, во нејзината нова серија која наскоро ќе ја сними.

„Досега се немам снимано со него. Пит едноставно не сака да се снима, но кога некаде ќе не видат заедно, сигурно нема да го тргнам од камерата. Мислам дека можеме да снимиме нешто многу возбудливо, но, не за оваа сезона. Фановите сега ќе можат да видат само како се запознавме“, рече Ким за Variety.

Извор/24sata.hr

Scroll to Top