Ким Кардашијан: Повеќе заработувам на „Инстаграм“ отколку на шоу

Американската старлета Ким Кардашијан вели дека со една објава на „Инстаграм“ заработува повеќе од снимањето шоу. Таа и нејзините сестри од неодамна прекинаа со 14 години снимање на популарното шоу Keeping Up With The Kardashians.

Изјавија дека им требало пауза, а Ким признава дека снимањето не им било единствениот извор на заработка и прилив на пари.

„Никогаш не мислевме дека ќе снимиме нова сезона, но снимивме 20. Сега ни е потребна пауза“, објаснила Ким на гостувањето кај водителот Дејвид Летерман и приза дека шоуто им е примарен извор на заработка.

Светските медиуми пишуваат дека таа признала дека со една спонзорирана објава на социјалните мрежи заработила повеќе од целата сезона на шоуто.

„Без шоуто не би биле она што сме денес и поради тоа продолживме, но, реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да заработиме повеќе од целата сезона“, изјавила Ким, која оваа година се најде на четвртото место на најплатени инфлуенсери во светот.

На страницата Hooper HQ пишува дека Ким заработува 858.000 долари по спонзорирана објава. Нејзината сестра Кајли Џенер, пак, објави дека заработила 986.000 долари

Но, Ким смета дека нејзиниот сопруг Каније Вест заработува повеќе од неа.

„Нашите заработки се слични. Двајцата имаме толку среќа, што навистина ни иде добри и затоа сум многу благодарна“, признала Ким.

Scroll to Top