Ким Кардашијан призна дека крадела од продавница на Диор

“Бевме на Хаваите и здогледавме продавница на Диор, никој не работеше внатре. Изгледаше како да сме во дивина, продавницата изгледаше напуштено”, зборуваше Ким низ смеа додавајќи дека Клои имала голема желба да добие Диор очила за сонце па ги земала и излегла од продавница.

Иако сестрите го прекршиле законот, Ким само говореше за тоа колку многу ѝ се допаднале очилата кои ги украле.

“Очилата беа навистина одлични, толку ни се допаднаа што сè уште ги чуваме. Преслатки се”, рекла Ким за Басл.

Ким истакнува дека тоа искуство било многу смешно и смета дека лицето кое било задолжено да работи тој ден веројатно отишло во тоалет додека тие две краделе.

Ова не е првпат сестрите Кардашијан отворено да зборуваат за своето бурно минато и пред неколку месеци откриле дека заедно експериментирале со екстази.

“Секој пат кога ќе земам екстаза правам нешто ново. Кога првпат се мажев бев на екстаза, а вториот пат снимив експлицитно видео. Изгледа дека само лоши работи се случуваат кога ги консумирам”, рекла Ким низ смеа.

Scroll to Top