Ким Кардашијан ќе го прикаже разводот од Кание Вест во реално шоу

By

Ким Кардашијан планира да се разведе од Кание Вест, а целата постапка планира да ја прикаже на американската јавност во две реални шоуа, пишува „Мирор“.

Ким ја сними дваесеттата и последна сезона во реаното шоу „Во чекор со Кардашијани“, кое се снимаше во период кога се појавија гласови за разводот, а таа епизода ќе биде емитувана во март оваа година.

Во последната сезона ќе биде прикажан периодот од последните девет месеци од бракот на Кардашијан и Кание. Но, некои извори тврдат дека Ким нема често да се појавува во последната сезона во шоуто.

Бидејќи нејзиното семејство ја прекина соработката со телевизијата „E!“, новото реално шоу во кое ќе биде прикажан разводот на Ким и Кание ќе се емитува на „Дизни“, каналот на телевизиската мрежа „Хулу“.

Деталите од таа програма засега не се потврдени, но за време на најавувањето на новото партнерство, директорката на „Волт Дизни“ телевизијата, Дана Владен, истакнала дека преферира шоу без сценарио.

За потсетување, Ким поднесе документи за развод преку својот адвокат Лора Васер. Наводно и двајцата нема да го оспорат предбрачниот договор што го потпишале и дека ќе се разведат спогодебено.

Биполарното нарушување и менталната состојба на Кание Вест, нема да влијае на старателството над нивните четири деца, ќерките Норт и Чикаго и синовите Сејнт и Псалм. Кардашијан наводно барала заедничко правно и физичко старателство над децата.

 

 

Ќе ви се допадне

Watch Given Episode 1 (https://funimationfree.com/m/2zXg/ep-1) at website https://funimationfree.com. See more funimation hunter x hunter

Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 32 at 4Anime my hero academia heroes rising 4anime