Ким Кардашијан станува адвокат

Познатиот адвокат Робер Шапиро, со кого на судењето за убиството на О Џеј Симпсон, соработувал со Роберт Кардашијан, се пофали дека ќерката на неговиот некогашен пријател ја поканил во својата адвокатска фирма.

Во јавноста е познато дека Кардашијан се интересира за кривичното право, но ваквата понуда била шокирачка за повеќето нејзини фанови.

„Ким има се што е потребно за да стане добар адвокат. Кога ќе го положи испитот, вратата во нашата фирма секогаш ќе и биде широко отворена“, вели Шапиро и објаснил дека пред Кардашијан е долг и напорен пат и дека постои и можност да не успее во крајната цел.

Додека голем број од нејзините фанови пишуваат дека се шокирани, постојат и такви кои и посакаа среќа и поддршка на Кардашијан.

„Уште минатата година паднав на правото. Во наредните 4 години и макар по 18 часа неделно ќе морам да учам и да ги полагам тестовите. Првата година уште малку па ќе ја завршам. Многумина мислат дека сум стигнала до тука благодарение на тоа што сум позната и имам многу пари. Но тоа не е така. Би сакала некои поединци да разберат ека ништо не треба да не спречи да ги исполниме сопствените желби и соништа. Почнав да работам по цел ден, тогаш ги подготвувам децата за спиење и потоа учам по цела ноќ. Некогаш ми е преку глава од сè и потребна ми е поддршка. Минатата година го променив бројот на телефон и ги отакчив сите, само затоа што сакам да остварам голем сон, затоа што никогаш не е доцна за тоа. Посакајте ми среќа“, порачала Ким.

 

 

Scroll to Top