Во новата епизода од семејното реално шоу, Ким Кардишијан призна дека излегува со мистериозен маж. „Првите средби ни се зад врата, не можам да излезам поради камерите кои постојано ме следат. Некако е непријатно“, рече Ким, и додаде дека не е лесно да се биде познат човек. Тоа е нејзина прва врска по раскинувањето со комичарот Пит Дејвидсон.
За него Ким нагласи дека и служел само за забава, иако медиумите пишуваа дека се работи за многу сериозна врска.
Иако деталите за новата врска се во тајност, едно е сигурно. „Ох, тој ги исполнува сите мои стандарди“, откри Ким.