Ким Катрал: Мислам дека никогаш нема да се збогувам со Саманта

Актерката Ким Катрал во нејзиното последно интервју зборувала дека враќањето во улогата на Саманта Џоунс, ја натерало да се чувствува како „да се вратила во минатото, имала одлично попладне, а потоа се напила одлично мартини“, пишува „Дејли мејл“.

Во интервјуто Катрал го оставила отворено прашањето дека можеби краткото појавување нема да биде последното што ќе го видиме во серијата „Ол џст лајк дет“.

„Мислам дека никогаш нема да се збогувам со Саманта. Таа е како и многуте други ликови што ги правев со текот на годините. Многу емотивно се врзувам и ги заштитувам моите ликови. Таа ми даде толку многу и јас сум благодарна за неа“, изјавила актерката.

Ким Катрал ќе се појави како Саманта само во една сцена. Според изворите, таа ја снимила својата сцена на 22 март во Њујорк, без да ги види или да разговара со другите ѕвезди од серијата, вклучувајќи ги Сара Џесика Паркер и Мајкл Патрик Кинг.

Scroll to Top