Актерката Ким Катрал проговори зошто повеќе не е дел од серијата „Сексот и градот“. Таа во интервју за Variety, вели дека никогаш не било побарано од неа да биде дел од продолжението на серијата „Just Like That“, а дека ќе има продолжение дознала од социјалните мрежи.
Taa открива дека не и се допаднало како завршил ликот на Саманта во серијата без таа да даде нејзина дозвола. Ким признава дека е поласкана од коментарите на обожавателите дека ништо не е исто без Саманта.
„Најголемиот комплимент што може да го добие еден актер е тоа што на публиката и недостига“, вели Катрал.
Ким Катрал моментално има ангажмани во сериите „How I Meet Your Father“ и „Queer as Folk“ и глумеше во комедијата „About My father“ со Роберт де Ниро.