Кира Најтли веќе нема да снима голи сцени

Британската глумица Кира Најтли откри дека веќе нема да се разголува во филмовите што ќе ги снима. Таа вели дека иако е горда на своето тело, откако станала мајка, решила веќе да не го покажува.

„Никогаш не ми беше непријатно да се соблекувам додека бев млада. Навистина сум задоволна од своето тело. Но, повеќе не сакам да стојам гола пред целата филмска екипа… Можам да изберам дублерка за такви сцени“, рекла таа во интервју за „Фајненшал тајмс“.

Британска глумица вели дека во денешно време некои разголени сцени можат многу лесно да се најдат на порнографски сајтови, а дека таа не сака тоа да ѝ се случи.

Кира и нејзиниот сопруг, музичарот Џејмс Рајтон, се заедно од 2011 година. Тие имаат две ќерки, Еди која има четири години и Далајла која се роди лани.

 

 

Scroll to Top