Кирк Даглас денес полни 103 години

Холивудскиот актер Кирк Даглас, денес полни 103 години. Тој е роден во семејство на руски имигранти, а Холивуд го памти по неговите големи улоги како Спартак или Ван Гог. Тој тврди дека е долговечен благодарение на сопругата Ен Бајденс Даглас, која има 100 години. Таа секогаш била покрај него за да му помогне и да го поддржува во она што го прави, но и кога му било тешко или боледувал.
Даглас преживеа мозочен удар кој му го наруши говорот. Поради тоа престана да глуми. Во 1991 година имаше тешка хеликоптерска несреќа, а она што најмногу го болеше и поради кое најмногу страдал, е смртта на синот Ерик во 2004 година.
Сопругата Ен ја запознал во 1953 година, брзо откако се развел од Дајана Вебстер, со која ги доби
синовите Мајкл и Џоел. Таа прво не сакала да се плетка со познати актери, но хемијата била толку
силна, што се премислила и заминала со него. Тие двајца денес се посветени на филантропија. Помогнале да се изградат 400 училишта и спортскиигралишта, а основале и центар за помош на заболени од Алцхајмерова болест.

По нивата смрт, работата ќе премине во рацете на хуманитарна организација која веќе ја имаат избрано.

Scroll to Top