Кит Харингтон плачел кога го читал сценариото на последната епизода на серијата „Игра на тронови“

 

 

Актерот Кит Харингтон плачел кога го читал сценариото на последната епизода на серијата „Игра на тронови“.

„Мината недела имавме читање, па сега знам сè. Плачев на крајот. Осум години сум дел од екипата тоа е подолго дури и од времето поминато во училиште и студиите по глума. Ќе биде чудно да ѝ кажам збогум на екипата и да ги снимам последните сцени како Џон Сноу “, рекол 30-годишниот актер кој го игра ликот на Џон Сноу.

Последната сезона на „Игра на тронови“ ќе се емитува на каналот ХБО во 2019 година, ќе има само шест епизоди. Тоа е најскапа сезона  досега со буџет од 15 милиони долари за една епизода.

Сепак, финалето на серијата се чува во најголема тајна.

Кит го игра Џон Сноу од првата епизода на серијата, која почна да се емитува пред шест години. Актерот на снимањето ја запозна Роуз Лесли, која го играше ликот на Игрит. Во врска се од 2012 година а есенва се свршија.

Scroll to Top