Кит Харингтон за време на лекувањето од алкохолизам открил дека боледува од нарушување

Актерот Кит Харингтон се прослави со улогата на Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“.

Потоа ги освои срцата на многу девојки ширум светот, а на тоа снимање ја запозна и љубовта на својот живот – актерката Роуз Лесли, која ја играше Игрит. Денеска двајцата се во брак и имаат две деца.

Меѓутоа, она што малкумина го знаат е дека Кит имал проблеми со алкохолот, поради што во 2019 година завршил на рехабилитација, а како што самиот признал, таму дознал и дека има АДХД, состојба која се карактеризира со хиперактивност и нарушување на вниманието.

„Сфатив дека мојот живот зависи од ова. За среќа, тоа беше вистинското место во вистинско време. Оттаму можев да создадам нов живот“, рече тој во подкаст, пренесува Дејли Меил.

Како што рече, лошото расположение му го донело прекарот Принц на темнината, а тој бил во такво расположение уште од тинејџерските денови.

„Кога ќе се случеше тоа, можев да ја срушам целата соба. Дури и малку ми се допаѓаше тоа, но морав да се освестам дека тоа се случува и да излезам од ситуацијата што го предизвикуваше“, искрен е Харингтон.

На снимањето на „Игра на тронови“ само му се зголемиле психичките проблеми, а тој вели дека фановите на оваа серија со некои свои постапки уште повеќе му отежнале.

„Луѓето би ме третирале како лик. Но, никогаш во животот не сум се чувствувал така. А тоа доведе до некои психолошки лузни“, заклучил актерот, пренесува споменатиот медиум.

Scroll to Top