(Видео) Клара и Пике се шетаат низ Барселона и не ја симнуваат насмевката од лице

Бившиот фудбалер Џерард Пике е виден со новата девојка Клара Чија Марти. Папараците ги снимија додека се шетаа низ Барселона и рекоа дека цело време биле насмеани. Фановите ретко ги гледаат заедно, особено откако Шакира објави нова песна, која му ја посвети на него.

Одбија да им одговорат на новинарите кога ги прашаа дали Клара побарала психолошка помош за притисокот кој го трпела од јавноста. Беа слично облечени. Пике на себе имаше тексас јакна, а Клара црн капут.

За потсетување, Пике ја изневери Шакира со младата студентка, по што се разделија по 11 години врска. Оттогаш постојано се на насловните на таблоидите. Се запознале додека Клара работела како келнерка во кафич. И двајцата беа критикувани особено Пике.

Scroll to Top