Клои и Тристан повторно заљубени

Реалната ѕвезда Клои Кардашијан и кошаркарот Тристан Томпсон се повторно заљубени, пренесуваат светските медиуми.

Двојката се раздели откако Томспон ја изневери Клои со пријателка на нејзината сестра, а блиски нивни пријатели велат дека тој ја изневерувал и додека била бремена со нивната ќерка Тру.

Како што пишува „Мирор“, двајцата повторно започнале романтична врска, нешто што на обожавателите на Кајли не им се допаѓа. Тие не сакаат да го видат во нејзина близина, по сето тоа што и го направи.

Претходно Томас ја изневери Клои со Џордан Вудс, најдобрата пријателка на нејзината помлада сестра Кајли Џенер. Откако прекинаа Томас на разни начини со скапи подароци се обиде да побара прошка, а Клои инсистирала да останат во контакт само заради нивното дете.

 

 

Scroll to Top