Клои Кардашијан на забавата пристигна во проѕирен фустан и ги покажа брадавиците

Kлои Кардашијан ги сврте главите на многумина со својата модна комбинација на неодамнешната забава на нејзината сестра Кајли Џенер во Западен Холивуд.

39-годишната ѕвезда на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“ пристигна во црн мини фустан кој на некои делови делуваше многу проѕирно.

Клои не носеше градник под фустанот, па и се гледаа брадавиците.

Во еден момент ја преврте долгата коса за да ги покрие брадавиците, но тоа не ѝ успеа, пренесоа медиумите.

Во написите стојат и коментари дека новите фотографии на Клои Кардашијан ги изненадија фановите откако таа неодамна толку претера со фотошопот што многумина се запрашаа кој е на фотографијата.

Таа позираше со својата пријателка Ерин Пакстон, а фановите го преплавија нејзиниот Инстаграм со коментари дека таа воопшто не личи на себе.

Scroll to Top