Познатата американска ѕвезда Клои Кардашијан повторно му раскина на нејзиното момче, НБА ѕвездата Тристан Томпсон, откако тој ја изневерил со три девојки.
Тој бил виден како влегува во хотелска соба во Бел Ер со нив трите, само еден ден откако бил на вечера со Клои и неговата ќерка Тру.
Разделбата ја потврдиле и нивните пријатели за „Пејџ Сикс“. Причина за раскинувањето била и манекенката Сиднеј Чејс, која јавно изјавила дека имала афера со Тристан, додека тој бил со сè уште со Клои.