Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс Коби Брајант и неговата ќерка Џијана биле погребани на приватна церемонија во Калифорнија, објави „Њујорк пост“.
Поранешниот кошаркар и неговата 13-годишна ќерка настрадаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари во близина на Лос Анџелес. Во хеликоптерот загинаа уште седум други лица.
Таткото и ќерката биле погребани минатиот петок во Корона Дел Мар.
„Ванеса и семејството сакаат приватен погреб. Церемонијата била исклучително тешка за сите. Сè уште не можат да разберат дека изгубија две преубави души“, пренесува „Етертејмент тунајт“ изјава на неименуван извор.
Јавното збогување со сите девет жртви на несреќата ќе се случи на 24 февруари во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес.
Kobe Bryant, daughter Gianna laid to rest in private Los Angeles funeral https://t.co/OYwkKU1LU6 pic.twitter.com/FuD75JFbZQ
— New York Post (@nypost) February 11, 2020