Кога Трамп ги соблече гаќите, доле видов ужас, тврди Сторми Даниелс

Порно-актерката Сторми Даниелс во својата книга „Целосно разоткривање“, која се очекува наскоро да излезе во јавност, го опишува американскиот претседател како циркусант, раздразлив, ситничар и несигурен во себе, но и со необичен и потпросечен пенис.

Даниелс, која тврди дека имала сексуална афера со американскиот претседател, се очекува на 2 октомври да ја издаде својата книга. Таа го запознала Трамп за време на голф-турнир во Калифорнија во 2006 година. Таму работела како хостеса, а телохранителите на Трамп ја поканиле во негово име на вечера во неговиот пентхаус.

Истата вечер имале секс, кој Даниелс во својата книга го опишува многу детално. Била нервозна и затоа се согласила да имаат секс.

Британски „Гардијан“ открива мал број интимни детали од истата. Во неа порно-актерката и стриптизета ја опишува кратката врска со Доналд Трамп. Таа признава дека се гади од  себеси што се согласила да има секс со американскиот претседател.

„Тоа беше најмалку импресивниот секс во мојот живот, иако Трамп не би се согласил со тоа“, пишува во својата книга порно-актерката.

Доналд Трамп негира дека имал афера со Даниелс, но не крие дека преку својот адвокат ѝ  исплатил 130 000 долари за да молчи за аферата за време на изборната кампања.

Како се ближеле изборите, Даниелс била загрижена за својата безбедност. Tаа откри дека добила закани од непознат сторител.

 

 

Scroll to Top