Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо го прослави својот 44. роденден. И за неговото минато се врзуваат разни приказни, а кои во текот на годините успешно се криени.
Бабата на Леонард ди Каприо, Хелен Индербиркен, е родена во Русија со име Јелена Смирнова. Актерот отсекогаш велел дека е половина Русин, а во една пригода изјави дека би сакал да го глуми Путин ако некогаш се направи филм за претседателот.
Ди Каприо на 23-годишна возраст се прослави како убавец поради своите улоги во „Ромео и Јулија“ и „Титаник“. Тинејџерки, млади и не толку млади дами буквално го сакаа во тоа време, а тој можеше да избира и да се забавува со која сака.
Тогаш, заедно со колегите Тоби Мегвеј, илузионистот Дејвид Блејн и Лукас Ха, крастареше во клубовите и од јавноста нивната група беше наречена pussy posse.
Елизабет Беркли, актерката што доби слава со филмот Showgirls, ја фатиле на око една вечер. Групата мислела дека таа е малку послободна во приватниот живот и ја поканиле да им се приклучи. Но, таа има објаснила дека е во клуб со своето момче Роџер Вилсон.
По тоа, почнала серијата незгодни повици, а Роџер дури и вербално во една пригода се судрил со Леонардo. Сè завршило со тепачка пред клуб, каде што Вилсон беше тешко повреден. Се сомнева дека го удрил Леонардо кого Роџер го тужеше за 45 милиони долари. Случајот се реши спогодбено и сторијата престана да се споменува.
Втората работа за која се зборуваше во 2011 година е за време на Канскиот филмски фестивал, исто толку важен и за филмовите колку и за богатите јахти што се закотвиле на Азурниот Брег. Лео бил домаќин на својата вообичаена екипа на еден ваков брод – богати пријатели и помалку богати, модели, старлети и слично. Меѓу нив била и Блејк Лавли за која не се знае што точно барала во Кан, но се знае дека таа таму поминала некое време со Лео.
Следувало љубовно лето, Ди Каприо и Блејк јавно низ европските туристички дестинации уживале, а во раната есен Блејк го посетила во Австралија, каде што тој бил работно ангажиран. Но, таа ја прекина нивната врска неколку дена подоцна затоа што не била подготвена за сериозна врска како што сакал Лео, тој со денови ги забавувал сите на снимањето, но правел и големи проблеми. Уште полошо, само една недела подоцна, Блејк почнала многу сериозна врска со Рајан Рејнолдс, која заврши со брак. Ди Каприо набргу потоа им се врати на мaнекенките.
За него се зборува дека е неверојатно надарен, причина плус зошто девојките паѓаат пред него на колена. Боби Браун тврди дека во еден момент кога ја оставил Томи Ли, таа се забавувала со Лео. Била шокирана кога ги Ди Каприо ги спуштил пантолоните. „Огромен е“, вели таа.
Многу светски модели поминаа низ неговиот живот, речиси секогаш двојно постари од него. Врските биле краткотрајни, а тој секогаш се обидувал да ја задржи интимноста далеку од јавноста.
Леонардо ди Каприо во животот имал само два важни жени, кои секогаш се тука за него – неговата мајка и најдобриот пријател – Кејт Винслет. Имено, Лео се запозна со Кејт на снимањето на филмот „Титаник“ и нивното пријателство, од кое дури и денес има полемики за тоа дали можеби имало нешто друго, трае до ден-денес, така што тие секогаш се тука да се поддржуваат еден со друг.
Мајката на Лео, Ирмелин, Германка, која работела како секретарка кај адвокат, живеела со актерот речиси еден месец пред премиерата на „Титаник“. Таа се обидувала да го изведе на прав пат во западен Холивуд, маало што го водат дилери на дрога и проститутки.
Лео имал пет години кога бил прикован до ѕидот од страна на еден дилер вооружен со ножеви, а ќотек добивал речиси секој ден. Таткото на Лео, Џорџ, карикатурист и продавач на стрипови, се борел да остане во животот на својот син, дури и откако по разводот од мајка му кога Лео имал само една година.