Кои се најинтелигентните ѕвезди во Холивуд

Некои ѕвезди од Холивуд се натпросечно интелигентни, но наместо на академска кариера, се посветиле на уметноста.

Лиса Кудроу

Актерката се прослави со улогата во „Пријатели“ каде што ја глумеше Фиби. Приватно, Лиса (54) е далеку од својот лик. Нејзиниот коефициент на интелигенција наводно изнесува 150, а дипломирала биологија. Кудроу сакала да се посвети на истражување на причините за  главоболка, како и нејзиниот татко. Но, по 8-годишно работење со него, потполно се посветила на актерството. Таа е потпишана и како соработник на едно истражување за облиците на силни главоболки.

 

Синди Крафорд

Во осумдесеттите и деведесеттите оваа манекенка беше најпопуларниот супермодел во светот. Манекенството го избрала наспроти хемиското инженерство, кое го студирала. Коефициентот на Синди изнесува 154. Таа и денес се појавува на страниците на познатите списанија и е заштитно лице на познати козметички брендови.

Шакира

Славната Колумбијка, која се прослави во 2001 година, магазинот „Форбс“ ја прогласи за една од највлијателните жени во светот. Таа уште од почетокот на својата кариера ги пишува сопствените песни на англиски и шпански јазик. Зборува и француски, италијански, каталонски и арапски. Вљубеник е во културата и историјата. Во својата родна Колумбија финансирала изградба на две училишта. Нејзиниот коефициент изнесува 140.

 

Квентин Тарантино

Режисерот тврди дека неговиот коефициент на интелигенција е 160, еднаков со оној на Ајнштајн. Тарантино (54) се отпишал од училиште на 15-годишна возраст и го посветил животот на филмовите. Како вработен во видеотека ги пишувал своите први сценарија.

Шерон Стоун

Една од најубавите актерки во Холивуд, на чија сцена со прекрстување на нозете многумина сè уште се сеќаваат, исто така е една од најинтелигентните актерки. Коефициентот на интелигенција на актерката изнесува 154. Наводно таа била многу надарено дете – второто одделение го запишала со само 5 години. Кога имала 17 години завршила средно училиште.

 

Ештон Качер

Многумина се изненадени од коефициентот на интелигенција на актерот  на чиј шарм паднаа актерки како што се Деми Мур и Мила Кунис. Неговиот коефициент на интелегенција изнесува дури 160. Тој планирал да заврши биохемија, но, сепак, бил маѓепсан од светот на модата и се откажал од факултетот. Позната е приказната дека неговиот мотив бил да пронајде лек за својот брат близнак Мајкл и неговите проблеми со срцето.

Scroll to Top