Роберт де Ниро беше поздравен со стоечки овации за својот вербален напад на Доналд Трамп за време на доделувањето на најпрестижните театарски награди Тони во Њујорк.
„Ќе кажам само една работа. Кој го е*е Трамп!“
Додека публиката стануваше да му аплаудира, актерската легенда продолжи во ист стил:
„Нема веќе ‘долу Трамп‘. Сега е кој го е*е Трамп!“, извика тој, по што продолжи со подготвената најава за Брус Спрингстин.
Иако шоуто беше пренесувано во живо, Си-Би-Ес успеа да го цензурира проблематичниот збор.
Роберт де Ниро е познат како жесток критичар на Трамп. Во 2016 година го наречен „тотален лудак“, по што, за време на изборната кампања, сними видео, во коешто порача дека би му удрил бокс. „Тој е будала, кловн“, рече Де Ниро.