Која е поубава, Меланија или поранешната сопруга на Доналд Трамп?

By

Таа во јавноста најмногу е позната по бракот на Доналд Трамп, а ќерката Тифани ја одгледала сама.

dobivaj vesti na viber

Буран и луксузниот живот на американскиот претседател Доналд Трам секогаш бил главна тема на светските медиуми, уште пред тој да стане шеф на државата. Меланија Трамп е позната ккако третата жена на милијардерот, а пред неа бил во брак со Ивана Трамп, со која има три деца, но и Марлом Маплес (53) со која ја има ќерката Тифани.

Марла на Доналд прво му беше љубовница, па потоа жена, а по разводот не била толку присутна во активностите на семејството Трамп со оглед дека животот го продолжила во Калифорнија. Но, таа и понатаму го привлекува вниманието на медиумите каде и да се појави, а особено ако е во друштво на својата преубава ќерка.

Марла е американска актерка и тв ѕвезда, а родена е во Џорџија. Мајка и била домаќинка и модел, а татко и се занимавал со недвижности, баш како и нејзиниот поранешен маж.
Имала неколку филмски улоги, но и имала можност да настапи на прочуениот Бродвеј. Се пробала и како пејачка па го издаде албумот „The Endles“.

Дизајнирала облека за трудници од 1993 година, а колекцијата ја продава во неколку продавници.

Таа во јавноста е најмногу позната по бракот со Доналд Трамп. Се запознале во 1989 година, а во нивната врска доста се пишувало во тоа време. Судбоносната средба се случила на скијање, а врската ја започнале година дена пред да Трамп се разведе од својата прва жена Ивана.

Двојката се венчаше 1993 година, на церемонијата во Њујорк во хотел Плаза, а на свадбата присуствувале бројни познати ѕвезди. Ќерката Тифани ја добиле истата година, само два месеци пред венчавката.

Кога бракот на Трам и бизнисот тргнале надоле, Марла Мејпс му била единственото засолниште во светот кое му избегало од контрола. Како што се зборувало, тој на почетокот на неговата врска со Марка, сакал да се ослободи од Ивана и нејзините наизменични промени на расположение.

So happy to celebrate the inspiring athletes crossing the finish line today in the #nycitymarathon all are champions!

A post shared by Marla Maples (@itsmarlamaples) on

Во биографијата „Трампови“: три генерации кои изградиле империја“, кои Доналд Трамп ги оспорувал затоа што бил прикажан како простак, авторката Гвенда Блер објаснила како изгледал неговиот втор брак.

„Сред деловните разговори, тој би ја извлекол фотката на Марлин, и би почнал нашироко да зборува за тоа, со кое природата богато ја наградила. Понекогаш ги прекинуваше состаноците во својата сала за конференции и пред сите ќе пуштеше видео касета со неа. „Таа ќе се врцкаше во костим за капење“, изјави една личност која била присутна на тие состаноци, а тој би ги правел оние коментари во стилот, добри гради, нема мозок“.

First day at work on the set of @PeoplesListABC loved sharing a fav #wellness secret. Tune in 8pm #ABC Sat 7/02/16

A post shared by Marla Maples (@itsmarlamaples) on

Марла на крајот, од бракот со магнатот излезе со дебела алиментација и во моментите за развод изјави:

„Животот е премногу краток за да човек некого мрзи“. Толку од нејзиниот мозок – е дел од книгата.

Двојката го заврши заедничкиот живот во 1997 годината, а се разведоа во 1999 година.

 

По разводот Марла со ќерката се пресели во Калифорнија, а ќерката ја одгледа како самохрана мајка. Доналд за тоа време го плаќал школувањето за својата помлада ќерка. Во 2013 година, го шокираше светот кога призна дека и понатаму го сака својот поранешен сопруг.

Таа како и повеќето познати личности, е голем заговорник на Кабала. Во еден момент изјави дека и помогнал да ги разбере емоциите и да прифати одговорност за своите постапки.

Марла доста е посветена на хуманитарната работа. Таа ги поддржува добротворните и непрофитни организации, а особено „Kids Creating Pease“, која ги поврзува израелските и палестинските деца.

Во 2000 година, имаше намера да издаде мемоари под името „Не е злато се што сјае“. Но, во договорот со својот издавач, таа се откажа од таа идеја во 2002 година. Беше гостин на познатиот водител на утринската шоу програма на ABC „The View“, на 11 март 2016 година.

Што светот да мисли за Трамп, се чини дека овој милијардер има среќа да ужива во друштво на исклучително убави и успешни жени.

Напишете во коментарите, која избраничка на Трамп ви е поубава – поранешната жена Марка или сегашната Меланија.

Ќе ви се допадне