„Колдплеј“ ги откажа настапите , бараат да се најде решеније за загадување на концертите

Фронтменот на групата „Колдплеј“ Крис Мартин кажа дека групата ги одложува плановите за турнеја како и за промоцијата на нивниот нов албум, бидејќи се загрижени за еколошките ефекти на концертите.

Новиот албум „Секојдневен живот” излезе вчера, но членовите сепак решија да имаат само два настапа, и тоа во Аман, главниот град на Јордан, што ќе се пренесуваат бесплатно на Јутјуб.

Мартин изјави дека ја избрале земјата од Југозападна Азија затоа што „се наоѓа на средината на светот“ и оти е регион во кој што не добиваат често можност да настапуваат.

„Во наредните една или две години нема да настапуваме и ќе работиме на тоа да бидеме одржливи и активно корисни. Ако одлучиме да патуваме, се надевам дека турнејата ќе биде целосно јаглеродно неутрална. Најтешкото нешто се летовите. Наш сон е да имаме концерт на кој нема да се користи пластика и кој ќе биде снабден преку сончева енергија“, рече пејачот.

Scroll to Top