Колин Фарел е возбудлив ко Мики Маус во сексот, Бредли Купер не сака предигра: објавена листа на ѕвезди што не ги бидува во креветот

Француските медиуми составија список на ужасни љубовници, а таму се најдоа и некои најпознати глумци и музичари.

Иако живеел во вила со куп секси-зајачици, Хју Хефнер не го бидувало многу за секс. Според неговата поранешна свршеница Кристал Харис, првиот човек на „Плејбој“ имал проблеми со самодовербата, па затоа никогаш не се соблекувал за време на сексот. Освен тоа, предиграта со него траела само неколку минути.

Колин Фарел важи за голем заводник и женкар во Холивуд, но тој наводно не може да се пофали со своите љубовни вештини. Една од неговите поранешни партнерки изјавила дека актерот во кревет е еднакво возбудлив како Мики Маус и дека често менува девојки затоа што ниту една не сака да остане со него.

Миленикот на жените, Бредли Купер, наводно е лош во креветот. Џенифер Лоренс бесрамно откри дека актерот лошо се бакнува, дека не сака предигра, а една од неговите бивши, како што некогаш пишуваа американските медиуми, рекла дека е многу досаден, како и дека „зборува со француски акцент во креветот бидејќи смета дека тоа е романтично“.

Поп-ѕвездата Џастин Бибер сè уште не го научил бонтонот во креветот. Многу од неговите поранешни девојки го нарекоа многу себичен љубовник. Тој очекува многу од својата партнерка, но дава малку и не прави речиси ништо. Не е имагинативен и гледа само на своето задоволство, изјави една од неговите поранешни девојки.

Scroll to Top