Колумбискиот пејач Малума ограбен во Москва

Руската полиција соопшти дека колумбискиот пејач Малума бил ограбен додека престојувал во Москва, а од неговата хотелската соба биле украдени работи вредни 800.000 долари. Во времето на грабежот популарниот пејач бил на стадион и го гледал натпреварот помеѓу Колумбија и Јапонија.

Светските медиумите пишуваат дека помеѓу украдените работи има неколку луксузни часовници, многу накит и вредни, лични предмети на Малума. Според полицијата, крадецот во собата влегол претставувајќи се како гостин на пејачот.

Малума е еден од најпопуларните пејачи во Јужна Америка. Публиката во Европа, пак, најмногу го знае од дуетските песни што ги сними со Шакира.

Scroll to Top