Комичарката Ејми Шумер ќе стане мајка

Холивудската актерка Ејми Шумер го чека првото дете. Таа на „Инстаграм“ во свој стил објави слика на која на телата на принцот Хари и Меган Маркл ги ставила својата глава и главата на нејзиниот маж Крис Фишер.

„Меган тргни се на страна, имаш конкуренција“, напишала Ејми.

Популарната комичарка се омажи за Фишер на почетокот на 2018 година, неколку месеци откако ја почнаа врската.

Scroll to Top