Концертот на Стинг во Загреб е одложен за наесен

Поради пандемијата Стинг го одложи концертот кој требаше да се одржи на 21 март во Загреб. Истиот ќе се одржи на есен. Новиот датум треба да биде објавен наскоро, а организаторите објавија дека веќе купените влезници ќе можат да се искористат и тогаш.

За оние кои ќе сакаат да ги вратат билетите, тоа ќе можат да го направат во следните 30 дена.

Стинг требаше да настапи во Загреб во рамки на турнејата Мy Song. Покрај концертот во Загреб, тој ги одложи концертите и низ Европа кои требаа да се одржат од 7 до 21март. Негов специјален гостин на концертите треба да биде неговиот син Џо Самер.

 

 

 

Scroll to Top