Магазинот Тајм ја избра личноста на годината – Доналд Трамп. Социјалните мрежи се преплавени со реакции на луѓе кои сега меѓусебно дебатираат дали тој навистина ја заслужил оваа титула.
lol kissing his ass gets you nowhere
— DJ (@DJ_RMANN) December 12, 2024
Додека некои сметаат дека „изборот не можеше да биде подобар“, судејќи по коментарите, има уште многу лути и разочарани од одлуката на американскиот магазин.
The they got it wrong it should be
Criminal of t the the year.— Tammy Nelson (@TNelson12598) December 12, 2024
„Посакувам да имав претплата на Time, само да можам да ја откажам сега“, „Зошто тој? Каков срам“, „Бакнувањето на неговиот задник нема да те однесе никаде“, „Грешат… Требаше да пишува криминалец на годината“, се нижеа коментари на социјалната мрежа Икс.
Дали во следниот број ќе пишува: „Се шегуваме, тој е измамник?“, напиша некој на социјалната мрежа Блускај. „Треба да пишува најлудата личност на годината“, додаде некој, а потоа друг корисник на социјалните мрежи напиша: „Ова е срамно“.
Во коментарите, многу луѓе се потсетија на далечната 1938 година, кога Адолф Хитлер исто така беше избран за личност на годината и ја споредија титулата на Трамп оваа година со него. „Што прави Тајм? Подобро да има на ум дека Хитлер еднаш ја доби истата чест“, „Магазинот Тајм исто така го прогласи Хитлер за личност на годината. Трамп е фашист од новата генерација“, коментираат тие.