Кортни Кардашијан имала итна операција на која лекарите ѝ го спасиле животот бебе

Американската ѕвезда Кортни Кардашијан откри имала итна операција и дека лекарите го спасиле животот на нејзиното бебе. Кортни на „Инстаграм“, каде објави црно бела фотографија на која со сопругот се држат за раце на болнички кревет.

Не ги откри сите детали и не кажа што не е во ред со бебето, но им се заблагодари на лекарите и на сопругот Тревис Баркер, кој итно дошол во болница од турнејата и на нејзината мајка Крис Џенер, за нивната поддршка низ овој тежок период.

„Како некој кој имал три навистина лесни бремености во минатото, не бев подготвена за стравот од итна операција на бебето. Мислам дека некој кој не поминал низ слична ситуација не може да го разбере тоа чувство на страв. Имам сосема ново разбирање и почит за мајките кои мораа да се борат за своите бебиња додека се бремени. Фала му на Бога. Напуштањето на болницата со моето момче живо и здраво беше најголемиот благослов“, напиша Кортни.

За потсетување, Кортни веќе има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, а Тревис со поранешната сопруга Шана Моаклер има две.

Scroll to Top