Кортни Кокс ја чисти својата ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

На изненадување на многумина, глумицата Кортни Кокс беше видена како ја чисти својата ѕвезда на „Патеката на славните“ во Холивуд. „Некој мора и тоа да го направи“, рече таа.

На видеото кое го објави се гледа како ги замолува другите да не ѝ ја газат ѕвездата, а потоа отиде да ги исчисти и на нејзините колешки Џенифер Анистон и Рис Витерспун.

За потсетување, Кокс покрај улогите во „Пријатели“ играше и во „Врисок“ и „Кугар Таун“. Им се придружи на колегите од Холивуд кои имаат своја ѕвезда на патеката станувајќи 2750-та личност која ја имала оваа чест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Scroll to Top