Кошаркарот Тајлер Ханикат извршил самоубиство

Полициската управа од Шерман Оукс излезе со соопштение во кое се наведува дека познатиот кошаркар Тајлер Ханикат, кој бил пронајден мртов пред неколку дена во својата куќа во Америка, извршил самоубиство.

Пред неколку дена како гром од ведро небо се појавила информација дека некогашниот кошаркар Химки Тајлер Ханикат бил убиен во својот дом во Калифорнија,во полициска пресметка. Но, се огласи и американската полиција, која тврди дека тие не го убиле Ханикат, туку дека поранешниот кошаркар извршил самоубиство.

Во соопштението се наведува дека полициската патрола пристигнала до неговиот дом на повик на мајка му, која тврдела дека нејзиниот син се однесува чудно. Кога забележал дека полицијата е во неговиот дом, Ханикат пукал и се обидел да побегне од нив така што се тргнал во една од собите.

По извесно време, полицијата успеала да провали во просторијата, а Ханикат лежел мртов со неколку дупки во пределот на главата и поради тоа му било потребно долго време да го идентификуваат, велат од американската полиција.

Ханикат кариерата ја почнал во Сакраменто, а потоа играл за развојните тимови во НБА-лигата пред да се пресели во Европа.

 

 

 

Scroll to Top