„Коските како да ми беа направени од крекери “, Том Хенкс зборуваше за коронавирусот

Оскаровецот Том Хенкс, кој беше еден од првите заразени со опасниот коронавирус, сега ја опиша долготрајната битка со Ковид 19. Тој и неговата сопруга Рита Вилсон, се наоѓаа во Австралија, кога првпат беа заразени со вирусот. Хенкс снимаше филм за животот на Елвис Присли.

Сега глумецот се отвори во емисијата на водителот Стивен Колберт и објасни што се тој и неговата сопруга преживеале за да успешно се изборат со короната. Хенкс објасни дека целиот процес за нив бил премногу болен.

„Чувствував како коските да ми се направени од крекери. Кога се движев, имав чувство дека секоја коска во телото почнува да ми се крши“, изјавил Хенкс и додал дека имал силни болки во задникот и дека не можел нормално да седи.

 

Scroll to Top