Британската кралица Елизабета Втора е позитивна на ковид-19. Веста ја соопшти Бакингемската палата. Кралицата има благи симптоми на настинка, велат од палатата и се очекува да продолжи со некои полесни обврски во Виндзор во текот на наредната недела.
„Таа и натаму ќе добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства“, се вели во соопштението на палатата.
Кралицата Елизабета (95) била во контакт со нејзиниот најстар син , принцот Чарлс, кој минатата недела беше позитивен на тестот, а потоа позитивна беше и неговата сопруга Камила.
Кралицата потврди дека таа и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, ги примиле првите дози на вакцината против ковид-19 во јануари 2021. Но, палатата одби да открие какви било информации за последователните вакцини, повикувајќи се на здравствена приватност.