Кралицата Елизабета го удрила принцот Филип со тениски рекет

Британската кралица Елизабета Втора го удрила принцот Филип со тениски рекет, пишуваат британските медиуми. Ова го открила авторката Ингрид Севард во книгата „Откриениот принц Филип“, во која говори за досега непознати детали во нивниот однос.

Иако тие се кралска двојка, за чија љубив ретко се говори, бракот на Елизабета и Филип, кој трае 70 години,  низ историјата имал големи подеми и падови.

Ингрид открива дека тие низ годините имале големи расправии, но издвоила една од нив. Во разговор за „Фокс њуз“ открила како кралицата Елизабета за време на една кралска турнеја во Австралија во 1954 година фрлила тениски рекет и чевли кон сопругот.

Тогаш кралската двојка била следена од филмска екипа, која снимала документарец, и ја снимила целата расправија. Филмската екипа стоела пред малата вила за одмор. Одеднаш го виделе принцот Филип на балконот. Зад него летале тениски рекет и чевли.

Снимките веднаш биле запленети од страна на тогашниот таен секретар на кралското семејство. Кралицата брзо потоа им се извинила на сите кои ја виделе сцената.

„Тоа се случува во бракот“, им кажала Елизабета.

Авторката Ингрид додава дека нивниот брак, како и секој друг, не бил совршен.

„Брачното совршенство не е лесно да се стекне кога живеете под велот на јавноста, која ве следи постојано“, открила искрено таа.

Иако не се знае која е причината за фрлањето на рекетот, јавноста веќе неколку пати била запозната со фактот дека принцот бил неверен низ годините. Иако ниту една жена досега не истапила во јавност и признала дека спиела со него, британските таблоди веќе со децении известуваа и пишуваа за неговите неверства.

Принцот Чарлс бил познат по тоа што често се дружел со келнерки и новинарки, кои ги запознавал на турнеите и многубројните интервјуа. Тој секогаш одбирал непознати жени за љубовнички.

Scroll to Top