Кеј Мидлтон на денот на годишнината од бракот со принцот Вилијам, од кралицата Елизабета била прогласена за дама од Кралскиот викторијански ред.
Оваа титула ја основала кралицата Викторија уште во 1896 година, со цел да ги препознае луѓето кои ѝ помогнале и ја застапувале, пишуваат британските медиуми.
Владејачкиот монарх лично ги бира лицата кои ќе го понесат ова признание. Меѓу витезите и дамите на листата добитници на ова признание се кралските синови, принцовите Ендрју и Едвард и Камила, војвотката од Корнвол.