Кралицата Елизабета и принцот Филип слават 73 години брак во изолација

Британската кралица Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип, денес прославуваат 73 години брак. По тој повод, тие објавија фотографија на која ја отвораат честитката што ја направиле нивните правнуци, децата на Вилијам и Кејт – принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. Кралската двојка годишнината ја прославува во изолација во замокот Виндзор.

Елизабета и Филип, кои се венчаа на 20 ноември 1947 година, имаат четири деца – принцовите Чарлс, Едвард и Ендру и принцезата Ана. Нивната љубовна приказна почнала кога Елизабета имала само 13 години, иако нејзините родители не го поддржале нејзиниот избор. Но, Елизабета не крие дека била среќна во бракот и покрај сите проблеми што ги имале во текот на годините.

Елизабета и Филип се запознале 1934 година, Елизабета имала само осум години. Во времето кога се запознале Елизабета не требало да биде кралица, туку нејзиниот постар брат Едвард. Тој се откажал од тронот за да се омажи со Американка, па Елизабета уште на десет години почнала да го живее животот на идна кралица.

Со Филип повторно се сретнале пет години подоцна и почнале да се дружат. Пријателството се претворило во љубов, а во 1946 година тој побарал дозвола од британскиот крал Џорџ да се ожени со ќерка му. Нивната врска е најдолга во историјата на британското кралско семејство.

 

Scroll to Top