Кралицата Елизабета на модна ревија во Лондон

Кралицата Елизабета присуствуваше на ревија во рамките на Лондонската модна недела.

Нејзиното гостување на шоуто на Ричард Квин било чувано во тајност до последен момент.

Кралицата (91) седеше во првиот ред до Ана Винтур, главната уредничка на „Вог“.

По завршувањето на ревијата, серија критики беа упатени кон Винтур за тоа што ги задржала очилата за сонце додека комуницирала со кралицата.

По ревијата, кралицата му ја додели на дизајнерот Ричард Квин наградата „Калицата Елизабет II“ за британски дизајн. Оваа награда годинава се доделува за првпат, но отсега натаму редовно ќе биде врачувана на успешни британски дизајнери од претставници на кралското семејство.

Scroll to Top