Британската кралица Елизабета Втора не може да си го замисли денот без парче чоколадна торта. Таа воопшто не сака да јаде компир, тестенини и лук, открил поранешниот кралски готвач, кој 15 години ги приготвувал оброците на кралицата.
Според него, 92-годишната кралица е голем љубител на чоколадните торти и колачи. Само заради неа во Бакингамската палата секој ден се прави по една чоколадна торта. Иако кралицата го почитува протоколот и јаде во точно одредено време и со сите членови на семејството, чоколадна торта знае да побара и два пати во текот на денот, додава тој. Нејзиниот поранешен готвач открил и дека кога таа патува надвор од Лондон, со неа секогаш доаѓа кралскиот готвач или неговиот заменик за кралицата да јаде храна по нејзин вкус.