Кралицата Елизабета си заминува од Бакингемската палата

Кралицата Елизабета втора поради коронавирусот ќе се пресели од Бакингемската палата засекогаш и ќе продолжи да работи од нејзиниот нови дом во палатата Виндѕор пренесе The News.

Се шпекулира дека во палатата не престојувала уште од 2020 година и дека одлуката да остане во Виндѕор била поради нејзината реновација која ќе продолжи до 2027 година.

Последниот состанок со луѓето во кралската палата го имала преку видео. Од едната страна таа се јавила од дворецот Виндѕор, а од другата нејзините гости во Бакингемската палата.

„Виндѕор е нејзиното омилено место. Тука ги има најубавите спомени со принцот Филип. Тука се и нејзините пони, а и семејството ѝ живее во близина. Па оттука нејзината одлука има смисла“, рече кралскиот новинар.

За потсетување, во близина на дворецот Виндѕор живее нејзиниот син принцот Ендру, но и најмладиот принцот Едвард со сопругата Софи и децата.

Scroll to Top