Кралицата го прослави службениот роденден

By

Британската кралица Елизабета која е родена на 21 април 1926 година, синоќа го прослави својот службен роденден, односно денот кога стапила на должност. Во традицијата на кралското семејство е да, покрај денот кога е родена, кралицата да го прослави и службениот роденден.

Британската кралица овој роденден го слави секоја втора сабота во јуни. Оваа традиција е стара 270 години, а монархијата го одбирала периодот во годината кога времето е убаво и топло.

Овој пат поради пандемијата со коронавирусот и забраната за било какви манифестации, немаше прослава на јавно место.

За службениот роденден монархијата традиционално подготвува голема воена парада и собир на илјадници луѓе. Годинава целиот роденденот помина без публика, а кралското семејство ги испочитува епидемиолошките мерки, но сепак кралицата не остана без прослава, пренесуваат британските медиуми.

 

Британската кралица Елизабета пред десет дена за првпат се појави во јавноста по пандемијата. Слободното време го мина јавајќи коњ во својот двор во Виндѕор. Јавањето е едно од нејзините најдраги и најзабавни активности и хоби.

Ќе ви се допадне