Кралицата Летиција избра тесен секси фустан за прославата на 50. роденден

Кралицата Летиција го прослави својот 50-ти роденден на 15 септември, но празничната недела ја помина напорно. Така, во петокот вечерта заедно со сопругот Филипе пристигна на концертот по повод 50 години истражување против ракот на Шпанското здружение, чиј почесен претседател е таа.

Гостите на концертот не го заборавија роденденот на Летиција и ѝ ја испеаја роденденска песна. Таа не криеше дека се радува. За роденденот убавата Шпанка избра нетипична комбинација во која ретко се појавува во јавноста.

Кралицата се одлучи за тенок тесен фустан до колената со потписот на брендот „Нина Ричи“. Фустанот е целосно покриен со светки во специфична темновиолетова боја, што доплнително привлече внимание.  Фустанот го комплетира со сини штикли од превртена кожа и плик-чанта во иста нијанса, како и дискретни обетки и свечена фризура.

 

Scroll to Top