Кралицата потрошила 16.000 евра за божикни подароци

By

Британската кралица Елизабета Втора потрошила 16.000 евра за божикни подароци, пренесуваат британските медиуми. Кралицата веќе со години како глава на семејството не се штеди на подароци. Таа секоја година троши над 16.000 евра за 620 лица од палатата.

Со оглед на тоа дека има многу работа, но и години, кралицата не ги избира подароците сама. Нејзиниот помошник за британски „Сан“ вели дека тој ѝ дава сугестии при изборот. Обично се одлучува за книги или порцелански парчиња од сувенирница од пазар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Веќе неколку години таа се одлучува во пакетите да стави и мал божикен пудинг, вели нејзиниот помошник.

Во ова семејство отворањето на подароците е посебен момент. Кралицата има донесено три правила што тој ден мора да се почитуваат. На Бадник се собираат сите во 18 часот во црвената соба за примање луѓе.

Таму се отвораат подароците, кои истиот ден се оставени под елката. Она што е строго пропишано е тоа што никој не смее да ги отвори подароците пред да дозволи принцот Филип. Подарокот мора да биде и забавен и евтин.

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX free anime: Watch Tokyo Ghoul Episode 3 (https://animeflix.nl/m/Wnq/ep-3)

AniWatch dubbed anime: The Daily Life of the Immortal King Episode 15