Кралицата реши, повеќе пари од наследството за Хари

Принцовите Вилијам и Хари како наследници на монархијата се животно обезбедени. За тоа се погрижила нивната прабаба, која им оставила 18 милиони долари. Но, според пишувањата на Би-би-си,  на прицот Хари му припаднале повеќе пари. Наспроти очекувањата на обичниот народ дека парите рамномерно ќе им ги подели на внуците, кралицата своите милиони поинаку ги распределила.

„Одлуката на  Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон и на нејзината ќерка кралицата Елизабета Втора за распределбата на парите помеѓу браќата е потполно разбирлива и легитимна. Поголемиот дел од парите на прабаба им ќе му припаднат на помалиот брат, принцот Хари“, наведува Би- Би -Си и додава „затоа што принцот Вилијам и тоа како ќе има финансиска  користи кога ќе стане крал“. Принцот Чарлс ќе ја преземе кралската круна по смртта на кралицата. Кога Чарлс ќе седне на кралскиот трон, Вилијам од него го презема приватниот имот, војводството Корнвол, што вреди далеку повеќе од парите што им ги оставила нивната прабаба. Според некои извори од британските медиуми, принцот Чарлс на недвижностите од војводството Кронвол годишно заработува околу 20 милиони фунти, а дури и тоа богатство е занемарливо во однос на тоа што го чека принцот Вилијам кога ќе стане крал.

Scroll to Top